Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сиљановска Давкова: Длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски

„Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на Железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук.

На Железничката станица во Нови Сад, денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост.

Зачлени се на нашиот е-билтен