Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сиљановска Давкова и Вучиќ се сретнаа во манастирот „Св. Прохор Пчињски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ по повод чествувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката.

Сиљановска Давкова ја пречека претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што заедно го посетија манатирот „Св. Прохор Пчињски“.

Во моментот трае билатерланата средсба меѓу двајцата претседатели, по што следуваат изјави за медиумите.

Претходно престедатеката се обрати во Пелинце од каде порача дека битката за младите е битка за четвртата македонска република која мора да биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен