Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сиљановска – Давкова, Меџити и Божиновска отпатуваа во Баку, Азербејџан

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, вицепремиерот Изет Меџити, и министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска, отпатуваа во Баку, Азербејџан. Во соопштението на ПР службата на министерот за животна средина и просторно планирање пишува:

“Првиот вицепремер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29-та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како  – COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку. Тој таму е заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Високата државна делегација предводена е од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, каде ќе биде дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целите за да зголемување на амбициите за климатската акција. Оваа учестсво претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој“, пишува во дописот.

COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија. Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, почна денеска, и ќе заврши на 22 ноември годинава.

Зачлени се на нашиот е-билтен