Во одлуката која беше донесена вчера, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова покрај поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески, помилува уште деветмина затвореници, а во одлуката објавена во „Службен весник“ не се наведени информации за кривичните дела.
Изречената казна им се заменува со условна осуда на Акиф Равмановски од с. Арачиново, во траење од една година и три месеци; Никола Трпчески од Охрид, во траење од една година и Шенол Маслани од Арачиново, во траење од шест месеци.
За потсетување Акиф Равмановски е член на наркокланот „Барон“, а Шенол Маслани е брат на познатиот Шенки, кој во јавноста стана познат по опседнатоста со модниот бренд „Версаче“.
Шенол Маслани во 2019 година беше уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Тој беше уапсен под сомнение дека е член на група која се заканувала на полицаец, продавала дрога и поседувала пушки и пиштоли. Но, против него за овој случај тогаш не беше поднесена кривична пријава.
Делумно се ослободени Мухарем Али од Скопје, Тодор Попов од с. Миравци, Томислав Симеонов, од Скопје, Перо Кузмановски од Градско, Живко Делиџаков од с. Богородица, и Марјан Ефремов од Скопјекој беше првообвинет во аферата „Шпион“, кој во 2014 година беше осуден на 15 години затвор.