Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сиљановска Давкова: Уверена сум дека Планот за раст и реформската агенда, Владата ќе ги направи реалност

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто? Имаме агенда, а нејзиното спроведување, не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат. Уверена сум дека Планот за раст и реформската агенда ќе ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните“, стои во соопшението од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, испратено до медиумте, по повод нејзиното учество на јавната дебата во собраниската Комисија за европски прашања.

Како што пишува во соопштението, претседателката го поздравила Планот за раст, бидејќи, бил „содружништво помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, бил учење во од, со финансиска помош, советување и оценување, каде резултатите би биле заеднички, со споделена одговорност“. 

„Неопходна е поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања, Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Потребно е зајакнување на соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната јавна расправа на Комисијата за европски прашања, на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), а која се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен