Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија.
Иако во текстот на свечената изјава стои „Република Северна Македонија“, претседателката Сиљановска Давкова рече дека „функцијата претседател на Македонија ќе ја извршува совесно и одговорно…“.
Сиљановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста, а во фокусот на нејзиното обраќање беа жените за што таа се заложи дека ќе се бори за целосно прифаќање и за поголемо учество на жените на врвните позиции во државата.