Силни ветрови го парализираа фериботскиот сообраќај во Егејското Море

Фериботскиот сообраќај во Егејското Море денес беше речиси целосно прекинат поради силни ветрови со брзина од околу 60 километри на час, оставајќи илјадници туристи заглавени во пристаништата и спречени да стигнат до своите дестинации.

Забраната за пловидба, која ќе остане во сила најмалку до 13 часот по локално време, важи за сите поголеми пристаништа во регионот Атика. Исклучок се неколкуте фериботи кои сè уште сообраќаат во областа Аргосароникос, јавува „Еуроњуз“.

Пристанишните власти соопштија дека ќе ја укинат забраната штом се намали јачината на ветерот, со цел да се овозможи безбеден превоз на патници и возила кон островите.

Зачлени се на нашиот е-билтен