Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Силвио Гонзато е новиот евроамбасадор во Тирана

За нов амбасадор на делегацијата на Европската нија во Албанија е наименуван Силвио Гонзато, кој функцијата треба да ја преземе утре.

Гонзато претходно беше заменик амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Обединетите нации во Њујорк, а ја извршувал и функцијата директор за меѓуинституционални односи, координација на политики и јавна дипломатија во ЕЕАС.

Тој доаѓа на  местото на Кристијане Хоман, која ја напушти Албанија пред истекот на мандатот поради нова должност.

Привремено, во последните три месеци, евроамбасадор беше Луиџи Сореца.  Тој од Тирана си замина пред година  пол, кога на негово место дојде Хоман.

Сореца првпат во Тирана пристигна во септември 2018 година, со долгогодишно искуство во миграциските и безбедносните прашања, а ја наследи евроамбасадорката Романа Влахутин. 

Зачлени се на нашиот е-билтен