Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Синдикатите во Грција за утре закажаа штрајк поради законот за работни односи

Грчките синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за утре закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент против планираните владини реформи во законот за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина.

Во штрајкот учествуваат просветните работници, кои повикаа училиштата да бидат затворени, лекарите од државните болници, контролорите на летање, со што се очекуваат проблеми во авионскиот сообраќај, а со прекини на работното време учествуваат и автобусите и тролејбусите во Атина.

Протести освен во Атина се закажани и во други грчки градови.

Синдикатите реагираат за новиот закон за работни односи, кој меѓу другото ја легализира работата на две различни работни места.

Зачлени се на нашиот е-билтен