Најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, Маријус Борг Хејби (28), е обвинет за силување, сексуален напад и нанесување телесни повреди.
Обвинителството во Осло објави дека Хејби е опфатен со повеќе точки на обвинение по неколкумесечна истрага што вклучува двоцифрен број наводни жртви. Доказите вклучуваат СМС-пораки, сведочења и материјали прибрани при претреси.
Хејби се соочува со обвиненија за едно силување со сексуален однос, две без, четири сексуални напади и две телесни повреди. Неговиот адвокат соопшти дека тој ги сфаќа обвиненијата сериозно, но ги негира најголемиот дел од нив.
Кралската палата засега не излезе со официјален коментар.
Маријус Борг Хејби, син на Мете-Марит од претходна врска, живеел со кралското семејство, но сега живее самостојно. До евентуалниот почеток на судењето ќе остане на слобода.