Синот на норвешката принцеза уапсен по нови обвиненија пред судењето за силување

Синот на крунската принцеза на Норвешка, Мариус Борг Хејби, е уапсен по нови обвиненија само неколку дена пред почетокот на неговото судење за силување

Апсењето дополнително го зголемува притисокот врз норвешкото кралско семејство, откако името на крунската принцеза Мете-Марит се појави речиси илјада пати во документите поврзани со Џефри Епштајн.

Нападат со нож?

Синот на крунската принцеза на Норвешка, Мариус Борг Хејби, е уапсен по нови обвиненија само неколку дена пред почетокот на неговото судење за силување, бидејќи неговата мајка Мете-Марит се соочува со критики поради нејзината врска со Џефри Епштајн.

Полицијата во Осло соопшти дека Хејби бил уапсен во неделата вечерта под сомнение за физички напад, закани со нож и кршење на забрана за приближување.

Апсењето се случува кратко пред почетокот на судењето во кое 29-годишниот Хејби е обвинет за 38 кривични дела, вклучувајќи четири точки за силување, семејно насилство врз поранешен партнер и нелегално снимање на повеќе жени без нивно знаење или согласност. Судењето треба да започне во вторник во Осло и да трае седум недели. Хејби ги негираше најсериозните обвиненија.

Полицијата побара четиринеделен притвор за да се спречи повторување на прекршоците, а судот одлучи дека Хоиби ќе остане во притвор до 2 март, објавува Гардијан.

Притисок врз норвешкото кралско семејство

Апсењето дополнително го зголемува притисокот врз норвешкото кралско семејство, откако името на крунската принцеза Мете-Марит се појави речиси илјада пати во новоотворените документи на Министерството за правда на САД поврзани со Џефри Епштајн.

Мете-Марит во изјава призна дека покажала „лоша проценка“ и жали за каков било контакт со Епштајн, нарекувајќи го „срамен“.

Норвешките медиуми и аналитичари предупредуваат дека овие афери сериозно ја разнишале довербата на јавноста во монархијата, особено пред гласањето во парламентот за можна замена на монархијата со република, иако не се очекува предлогот да биде усвоен.

Зачлени се на нашиот е-билтен