Сирени низ многу градови во јужен Израел, во Ерусалим се слушаат детонации

Сирени се огласуваат низ многу области во јужен Израел, вклучувајќи ги Бершеба, Димона, Неватим и други области во услови на масовен ирански напади со дронови и ракети, јавија израелски медиуми.

Во Eрусалим исто така има тревога и се слушаат детонации.

Дописникот на Си-Ен-Ен од Ерусалим јави дека слуша детонации од далеку но не може да потврди за што се работи.

Некои медиуми јавија дека се активирал израелскиот противвоздушен систем Железна купола.

Зачлени се на нашиот е-билтен