Сириските бунтовници вовеле полициски час во Дамаск

Фото: Bernard Gagnon, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Откако со брза револуција, сириските бунтовници го симнаа од власт сирискиот претседател Башар ал Асад, воведоа полициски час во Дамакс, објавија медиумите.

Полицискиот час започна денес во 16 часот по локално време и ќе трае до 5 часот наутро.

Низ Сирија, противниците на Асад се радуваат што неговиот режим паднал, а на некои места ги уриваат статуите на него и на неговиот татко. Во Дамаск граѓаните влегле во резиденцијата на Асад, која претходно била ограбена. Во претседателството била запалена една од салите.

Бунтовниците, наводно, претресувале институционални згради, барајќи ги луѓето на Асад. Беа пријавени и напади од вооружени лица врз дипломатските претставништва во главниот град.

По паѓањето на Асад од власт, сирискиот премиер Мохамед Гази Џалали увери дека неговата влада им подава рака на опозициските сили и е подготвена да ги предаде своите функции на преодна влада.

Претходно денеска во Дамаск пристигна и шефот на џихадистичката организација која го предводеше бунтот кој го собори Асад. Абу Мохамед ал Џавлани во телевизиско обраќање рече дека тоа што се случува во Сирија е неповратно. Потоа, снимките поставени на социјалните канали на неговата организација го покажаа како ја бакнува земјата во Дамаск.

Зачлени се на нашиот е-билтен