СКАНДАЛ ВО КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Вработените работат без плата, недостасуваат камиони, а директорот не се појавува на состаноци!

СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со ССМ, ја известуваат јавноста за алармантната ситуација во ЈП Комунална хигиена Скопје. На состанокот на Извршниот одбор на СУТКОЗ, одржан на 21.10.2025 година, беше констатирано дека директорот на претпријатието не се појавил на состанокот, и покрај сериозните проблеми во функционирањето на компанијата.

Вработените неколку месеци добиваат задоцнети плати, иако на сметката на претпријатието редовно се префрлаат средства од наплатата на сметките на граѓаните. И покрај тоа, работниците редовно ги извршуваат своите задачи со ограничени ресурси – недостасуваат камиони, резервни делови и дел од возниот парк не е во возна состојба.

Синдикатот јасно порачува дека за ваквата ситуација вината не е кај вработените, туку кај раководството на претпријатието. Вработените и СУТКОЗ ќе преземат сите законски мерки против управата, вклучувајќи кривични пријави и известувања до Државниот инспекторат за труд, при што ќе се води сметка да не се загрози здравјето ниту на работниците, ниту на граѓаните на Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен