Синот на норвешката принцеза, Мариус Борг Хојби (29), беше уапсен по нови обвиненија само неколку дена пред почетокот на неговото судење за силување.
Полицијата во Осло соопшти дека Хојби бил уапсен во неделата вечерта под сомнение за напад, закани со нож и кршење на забрана за приближување.
Апсењето се случува само два дена пред Хојби да се соочи со судење во Осло по обвинение за 38 прекршоци, вклучувајќи четири точки за силување, семејно насилство врз поранешен партнер и нелегално снимање на повеќе жени без нивно знаење или согласност.
Хојби ги негираше најсериозните обвинувања, вклучително и оние за сексуална злоупотреба.
Полицијата побара четири недели затвор за Хојби, велејќи дека тоа било неопходно за да се спречи да го повтори злосторството.
Осрамениот принц призна дека се занимавал со трговија со дрога, користел кокаин и алкохол и имал долгогодишен проблем со дрога.
Врски со Џефри Епштајн
Неговата мајка, принцезата Мете-Марит (52), покрај проблемите со својот син, е во центарот на вниманието и поради нејзините контакти со Џефри Епштајн.
Нејзиното име стсотици пати се појавува во новите документи на Џефри Епштајн!
Епштајн ѝ помогнал да закаже стоматолошки прегледи во САД, а исто така ѝ обезбедил сместување во неговиот дом во Палм Бич. Таа била во неговата куќа четири дена.
Во декември 2011 година, Џефри Епштајн ѝ посакал среќен Божиќ, а Мете-Марит го прашала „каков е животот на островот“.
Во април 2012 година, тие планирале средба во Париз, а во ноември 2012 година, Епштајн најавил посета на Осло. Оваа преписка продолжила до јуни 2014 година, кога асистентите на Епштајн ја прашале дали може да се сретне со него следниот ден.
Дотогаш, наследничката на престолот го прекинала контактот. Палатата објаснила дека наследничката на престолот во тој момент почувствувала дека Епштајн се надева дека ќе добие нешто од контактирањето со неа.
Наследничката на престолот се извини на јавноста за нејзината поврзаност со Епштајн:
„Џефри Епштајн е одговорен за неговите постапки. Но, морам да ја преземам одговорноста, бидејќи не ја проверив неговата позадина подетално и не видов каков човек. Искрено се извинувам за тоа. Тоа ја покажува мојата лоша проценка и длабоко жалам што воопшто имав контакт со него. Едноставно е срамно.