Поранешниот прв разузнувач Виктор Димовски ги отфрли обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски, дека бил прислушуван. Тој на својот фб порача дека Мицкоски не бил прислушкуван во време додека тој бил директор на АНБ.
Ваквата информација доаѓа откако вчера актуелниот дикректор Бојан Христовски рече дека Мицкоски бил прислушуван.
Димовски денеска, на својот профил на фејсбук го повика Христовски да ги отвори тајните досиеа и јавноста да види се. Тој потврди дека во периодот од 2019 до 2022 АНБ преиспитувала безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник, осомничен дека оддавал класифицирана информација, а за што му беила поднесена кривична пријава.
„Одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки. Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата.“
Премиерот Мицкоски и денеска продолжи со тврдењата дека тој и бројни новинари, биснисмени и јавни личности бил цел на нелегално прислушкување од државното разузнување и порача дека одговорност за ова ќе има.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче повика на декласификација на информациите за да се види за што точно станува збор, за да нема, како што рече, лов на вештерки.
Од Јавното обвинителство денеска ги демантираат објавите на некои медиуми дека наредбите за прислушкување стигнувале од таму. Тие велат дека немаат никаква можност за незаконско следење на комуникациите и дека тие само ги проследуваат законски заснованите барања на АНБ до Врховниот суд, кој издава наредба за примена на мерките. Во врска со наводите за прислушкување на премиерот, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција веќе оформило предмет и се преземаат проверки.
„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон.“
Синоќа, на настан по повот денот на Агенцијата за национална безбедност, нејзиниот прв човек Бојан Христовски ја обелодени најновата афера „приуслушкување, обвинувајќи дека поранешното раководство нелегално следело луѓе.
Во петокот, од АНБ инфорираа дека доставиле три известувања до Обвинителството за поранешен директор и група вработени, поради индиции за незаконско и неетичко постапување во периодот 2019–2024 година. Внатрешната истрага открила злоупотреби како оформување предмети против опозицијата, новинари и функционери, одолговлекување безбедносни проверки и незаконско следење на комуникации.
Здружението на новинари на Македонија и новинарскиот синдикат денеска изразија загриженост и побараа итна, законска и независна реакција на институциите за наводното незаконско следење на новинари, предупредувајќи дека тоа е закана за медиумската слобода и довербата во јавните органи.
Од осамостојувањето до денес, земјава ја потресоа две големи афери за прислушкување, првата во 2000 година позната како Големото уво, а втората во 2015-тата позната како „Бомбите на Заев“. И во двете, СДСМ обвинуваше дека власта на ВМРО-ДМПНЕ прислушкувала фуинкционери и новинари.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот фб статус на поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски:
Во текот на вчерашниот ден од страна на премиерот и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање.
Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки.
Точно е дека во наведениот период согласно законските надлежности во Агенцијата имаше постапка за преиспитување на проверките за безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник поради оддавање на класифицирана информација, а за што му беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Во врска со тоа, на мое барање на дневен ред на надлежната собраниска Комисија за надзор на работата на АР и АНБ беше ставена точката за информирање за случајот и изнесените наводи во електронските медиуми од негова страна.
Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата.
Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања!
Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот “класифицирани информации со степен на државна тајна”, посебно после последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници.