Скопјани најавија нов протест против депонијата Вардариште

Жителите на Скопје и околните општини повторно ќе излезат на улиците во знак на протест против депонијата Вардариште, која повеќе денови предизвикува неподносливи услови и загадување. Граѓаните бараат итно и трајно решение за проблемот со дивата депонија.

Граѓаните ја опишуваат состојбата како „неподнослива“ и „канцерогена“, посочувајќи дека децата ја почнуваат учебната година изложени на чад и непријатен мирис. „Ова е екоцид. Бараме институциите да преземат одговорност без меѓусебни обвинувања и да го казнат виновникот“, изјави еден од учесниците на протестот.

Претходно кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, предупреди дека над 150.000 жители на Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување од дивата депонија Вардариште.

Зачлени се на нашиот е-билтен