Скопјани и денес се соочуваат со нови прекини во водоснабдувањето, откако од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираа за два дефекта на различни локации во градот и околината.
Во селото Студеничани, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улица „2“ бб, без вода останаа жителите од улиците „1“ и „2“. Прекинот почна во 08:20 часот и ќе трае до завршување на работните активности на екипите на Водовод.
Истовремено, дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од еден инч на улица „Кеј 13-ти Ноември“ број 64 остави без вода дел од жителите на населбата Маџир Маало. Таму, прекинот почна во 09:00 часот и ќе трае сè додека не се отстранат проблемите.
Од Водовод апелираат граѓаните да имаат трпение и да користат водата рационално по повторното воспоставување на снабдувањето.