Скопјани пијат поскапа вода, цената рипна за 3,2 денари по кубик

Водата за пиење во Скопје поскапе за 3,2 денари по куибик

Скопјани пијат поскапа вода, цената рипна за 3,2 денари по кубик. Наместо како досега 31,81 денар, кубик вода сега ќе плаќаат 35,02 денари. Новата цена е на сила од септември и септемвриските сметки ќе бидат повисоки.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги новата цена ја донесе на 25 август. Од таму за медиумите велат дека морала да донесе нова цена на водата, бидејќи ЈП „Водовод и канализација“ не ги испочитувала препораките да се корегира цената.

„Поскапувањето во просек е околу 40 денари. Што значи, ако граѓаните плаќале сметка од 1.000 денари сега ќе плаќаат 1.040 денари“, велат од Регулаторната комисија.

Според податоците на Регулаторна комисија, загубите на вода во државата се околу 63 отсто, а во регионот Македонија е една од земјите со највисоки загуби.

Летово повеќе делови од Скопје немаа вода за пиење, а во речиси целиот град притисокот беше слаб. Од „Водовод“ тогаш апелираа рационално да се користи водата и велеа дека во голем дел од градот има диви приклучоци преку кои се троши питката вода за полевање ниви и бавчи.

Зачлени се на нашиот е-билтен