Првите броења по затворањето на избирачките места му даваат блага предност на Орце Ѓорѓиевски, но со „тенок мандат“ и значително помал број апсолутни гласови од претходните изборни циклуси. Трендот е променлив и може да се менува со пристигнувањето на преостанатите записници, особено од урбаните пунктови кои традиционално тежат во конечниот биланс.
Ниската излезност во текот на денот ја стесни маргината и ја направи трката чувствителна на секое избирачко место. И двете изборни штаботи внимателно ги следат партиските упоришта и споредбите со првиот круг, кога Ѓорѓиевски имаше убедливо водство по процент, а Мециновиќ висока стартна база во одредени делови од градот.
Правилата за втор круг се јасни: нема цензус за излезност — градоначалник е кандидатот со најмногу гласови. Политичката тежина на мандатот, сепак, ќе зависи и од ширината на поддршката зад конечната бројка. Официјалната слика ќе ја дадат општинската изборна комисија и ДИК откако ќе се обработат сите записници.