Секундарниот надзорен радар на аеродромот „Скопје“ е привремено надвор од функција, се вели во објавено NOTAM известување кое го пренесе 4NEWS.mk
Според информациите, MSSR радарот, кој овозможува идентификација на авионите, нивната висина и код, нема да биде во употреба од 28 ноември до 29 декември.
Ограничувањето се однесува на инструменталниот воздушен сообраќај и на ен-рут воздушниот простор под надлежност на контролата на летање во Скопје.
Издадениот NOTAM
Ова не треба да ја наруши безбедноста на летовите бидејќи контролата на летање продолжува да функционира со алтернативни технички и оперативни процедури, како и останати радари кои се во функција.
Аеродромот останува отворен за сообраќај.
Исто така издаден е и уште еден NOTAM за контролната кула на аеродромот во Стенковец. Во него пишува дека услугите на контролната кула – ATC TWR, нема да се извршуваат денеска, од 8 часот и 15 минути до 10 часот и 30 минути.