Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Скопско лето“: Концерт на Ана Петановска со хитовите на Копров

Во Националната опера и балет вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи концертот „Најдоброто од Копров” на Ана Петановска.

Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.

Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на вокалот на Ана Петановска со гостите Владо Јаневски, Наде Талевска, Горан Наумовски и Денис Димоски, а во придружба на камерен оркестар.

Музички продуцент на настанот е Давор Јордановски.

Зачлени се на нашиот е-билтен