Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопско лето: Концерт на Андреј Наунов и Кристијан Жермен, фотографии на Ацо Кондев и на Џон Илија Апелгрин, омаж на Тјери Муглер

Во Музејот на македонската борба вечер ќе се одржи концерт на Андреј Наунов на пијано и Кристијан Жермен од Австрија, во рамки на Скопско лето. Настанот е во соработка со Австриската амбасада во Скопје.

Во Театарот за деца и младинци денеска ќе биде прикажана претставата „Некој нека ми каже колку сум важен“. Во претставата играат Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Никола Наковски, Ненад Митевски и Ангела Димитрова.

Во Куршумли подоцна ќе се одржи концертна промоција на албумот „Вида“ на MIYATTA. Овој настан е потпомогнат од Македонска Радио Телевизија, Буба мара радио, Институтот Јунуз Емре и уште неколку спонзори.

Фотографот Ацо Кондев со изложбата „Парис ла Дефанс“ е на програма во четврток и тоа во Културно информативниот центар.

Во петок во фоајето на НОБ ќе се одржи модна ревија како омаж на Тјери Муглер, насловена како „Ангел на ексцентричноста“, во продукција на Снежана Богдановска – Сани. Се работи за ревија на студентите на институтот Изет Цури според инспирација од моделите на дизајнерот Тјери Муглер.

Специјални гости учесници се Изет Цури, Никола Ефтимов, Доминик Брунет, Игор Марков и други. Режијата е на Анастасија Стејси Марш Богдановска.

Во сабота во Кинотеката ќе биде отворена изложба на фотографии на Џон Илија Апелгрин „Забранети луѓе“.

Во рамките на Скопско лето, вчера во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација“. Корубин на публиката и се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава, како и со минијатурни графики арт-токен за кои допрва ќе се пишува бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил.

Треба да знаете
Moже да ве интересира