Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопско станува и Струмичко, Битолско, Велешко, Охридско… Со 100-тиот роденден сѐ е можно

Скопско го прославува стотиот роденден со стил и со нов дизајн! Од денеска омиленото пиво на овие простори нема да биде само Скопско, туку и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско, соопштуваат од Пивара Скопје.

Овие 100 години покажаа дека приказната за Скопско не би била целосна без сите оние поради кои што овој бренд постои – луѓето кои не одат на прослава без Скопско во раката, луѓето кои се радуваат на малите моменти и кои знаат да ги ценат убавите нешта, луѓето за кои секоја наредна голтка значи и ново зачувано сеќавање, луѓето кои создваат нови пријателства и ги споделуваат убавите мигови од животот со луѓето што ги сакаат… луѓето од секој град и секој агол на оваа земја, кои го направија Скопско она што е денес, посочуваат од Пивара Скопје

„Скопско нема своја адреса, туку живее онаму каде што се неговите потрошувачи, луѓето кои го избираат неговиот вкус секој ден од нивните животи“, велат од Скопско.

Затоа веќе од денеска, верните љубители на Скопско ќе можат да прошетаат низ Широк Сокак разладувајќи се со Битолско или пак да седат на сончевиот брег на Охридското Езеро додека пијат Охридско. Каде и да се наоѓаат, вкусот на Скопско ќе ги потсети дека се токму онаму каде што треба да бидат.

Од Пивара Скопје порачуваат дека е време е за прославување на „големата стотка“ и подигање на чашите во вис за следните 100 години Скопско и на сите им посакуваат – На здравје!

Најново