Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скрининг процес: Ковачевски повика на единство за членство во ЕУ

Димитар Ковачевски

Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во Европската Унија. Да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градењето просперитетна иднина на граѓаните и на државата, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата, на која заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ информираа за текот на скрининг процесот.

Ковачевски упати апел до пратениците дека мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојба на нашите граѓани.

Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет и силна волја, нагласи премиерот.

Следната недела, како што информира тој, почнуваме со билатералниот скрининг за Кластер 2 – „Внатрешен пазар“, а досега е завршен билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“.

Досега имаме квалитетни презентации во сите поглавја, а коментарите од Европската комисија за досегашните презентации се одлични. Добар процент на усогласеност имаме во правната рамка во носењето на законите, но секако остануваат отворени прашањата на кои треба да се посветиме, а тоа се реформата на јавната администрација, механизмите за владеењето на правото и борбата со корупцијата. Овие теми ќе биат отворени во текот на целиот преговарачки процес и затоа очекувам секоја институција да е на ниво на задачата и одговорно да пристапи кон овој процес, нагласи Ковачевски.

Според премиерот, целта за членство во големото европско семејство до 2030 година не е невозможна цел.

Имаме јасен план и поставена цел дополнителна движечка сила за побрз реформски процес, сега треба да се фокусираме на спроведувањето на реформската агенда, потенцира Ковачевски.

На прашањето на новинарот од ЦИВИЛ, Дехран Муратов дали со Скрининг процесот се опфатени измените во Изборниот Законик и до каде е реформата во изборните процеси, вицепремиерот Маричиќ со одговор дека постои само еден аспект за којшто Скринигот поврзан со изборите се грижи, а тоа е фер, демократски и слободни избори.

Тоа е поврзано со препораките со препораките и стандардите на ОБСЕ/ОДИХР. Скринингот со изборите се одвиваше во делот на функционирање на демократски институции, каде што се и Собранието и другите важни елементи на демократијата и таму имаше само еден дел, односно процес процес поврзан со изборите којшто е поврзан со целосна имплементација на извештаите на ОБСЕ/ОДИХР од претходните парламентарни и претходните локални избори, изјави Маричиќ.

Тој додаде дека дел од препораките се спроведени при измените на Изборниот Законик пред локалните избори.

Останаа дел од препораките од ОБСЕ за парламентарните и локалните избори кои треба да се имплементираат до наредните редовни парламентарни избори 2024. Така што ние имаме обврска на тоа да работиме. Во однос на изборниот модел и таа изборна регулатива, нема препораки од ЕУ. Тоа сепак останува на преференцатаи политичката одлука на секоја држава, потенцира Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен