Почетокот на следната седмица насекаде низ Македонија ќе имаме зголемена облачност и локални послаби врнежи од дожд а во вторник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
На планините и повисоките места не е исклучено и појава на слаб снег.
Во Скопје и околината ќе има повеќе облаци со услови за слаб локален дожд и повремен засилен ветер од северен правец.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 3 и 4 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.
