Сликата на Фрида Кало би можела да стане најскапото уметничко дело на жена уметник

Автопортретот „Соба“ од мексиканската уметница Фрида Кало ќе биде понуден на аукција на куќата Сотби на 20 ноември во Њујорк и има големи шанси да стане најскапото уметничко дело некогаш насликано од жена.

Автопортретот од 1940 година прикажува како Фрида спие во кревет над кој се надвива огромен скелет. Делото беше претставено минатиот петок во новиот главен простор на Сотби во модернистичкиот Bruer Building на Менхетн, кој долго време бил музеј, а од сабота е повторно отворен за јавност.

Сликата е многу лична, со комбинација на фолклорни мотиви од мексиканската култура и европски надреализам, иако самата Кало, која почина во 1954 година на 47-годишна возраст, не се согласувала целосно нејзиното дело да се поврзува со надреализам. Големиот скелет над креветот не е измислен – Кало навистина имала сличен предмет од хартија над својот кревет, наведува Сотби.

Досегашниот рекорд за слика на Фрида Кало го држи автопортретот „Диего и јас“ од 1949 година, кој беше продаден во Њујорк за 34,4 милиони долари.

Најскапата слика создадена од жена уметник досега е делото од 1932 година на американската уметница Џорџија О’Киф, која во 2014 година достигна вредност од 44,4 милиони долари.

Зачлени се на нашиот е-билтен