Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словачка ја затвори канцеларијата за борба против корупцијата и покрај критиките од ЕУ

Словачка денеска ја затвори својата канцеларија за борба против корупцијата и покрај загриженоста на Европската унија, но се чини малку веројатно дека наскоро ќе се соочи со големи финансиски санкции слични на тие што и се наметнати на Унгарија поради кршење на владеењето на правото.

Затворањето на канцеларијата е дел од пошироката ревизија на кривичниот законик, што премиерот Роберт Фицо го протурка и покрај јавното негодување и предупредувањата од ЕУ.

Критичарите велат дека Фицо ѝ штети на демократијата на ист начин како и премиерот Виктор Орбан од соседна Унгарија.

Европската комисија замрзна околу 20 милијарди евра помош за Будимпешта поради нарушување на демократската контрола и рамнотежа во унгарското општество.

Извори од седиштето на ЕУ во Брисел, сепак, не очекуваат слични мерки против Словачка во блиска иднина, бидејќи за други прашања Фицо се придржува до линијата поставена од Европската комисија.

Зачлени се на нашиот е-билтен