Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словачката претседателка Чапутова во посета на Киев

 Словачката претседателка Зузана Чапутова, чиј мандат истекува, денеска пристигна во проштална посета на Киев, соопшти нејзиниот портпарол Мартин Стрижинец.

„Денес пристигнав во Киев во проштална посета. Ова е веќе четврти пат за време на мојот претседателски мандат, трет пат – за време на војната“, напиша Чапутова на Фејсбук.

Таа додаде дека пристигнала со „добри вести“ за помошта на Словачка за Украина во висина од над четири милиони евра за набавка на артилериски гранати. 

Зачлени се на нашиот е-билтен