Словенечките гласачи денеска избираат девет пратеници во Европскиот парламент и исто така гласаат на три советодавни референдуми.
Референдумите се за потпомогнато доброволно прекинување на животот, за употреба на канабис за лични цели и за преференцијално гласање на парламентарни избори.
Речиси 1,8 милиони Словенци имаат можност да изберат меѓу 11 партии и 99 кандидати за европратеници.