Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Словенија воведува гранични контроли поради заканата од тероризам, а не поради мигрантите

Словенија воведува привремени гранични контроли на границата со Хрватска и Унгарија поради поголем ризик од тероризам, а не од илегални мигранти, и ќе направи се за да се осигура дека луѓето што живеат покрај границите не страдаат како резултат на оваа привремена мерка, изјави денеска во Луксембург словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклукар.

– Словенија вчера најави и ги информираше министрите на двете соседни земји, Хрватска и Унгарија, дека ќе воведеме контрола на внатрешните граници поради зголемената закана од тероризам, изјави Поклукар на новинарите во Луксембург, каде што беше по повод средбата на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Љубљана вчера најави дека в сабота на полноќ ќе се воведат привремени контроли, на десет дена и дека во меѓувреме ќе се донесе одлука за нивно евентуално продолжување. И Италија в сабота ќе воведе и привремени гранични контроли со Словенија.

– Сакам мерките на границата меѓу Италија и Словенија да бидат нормални, за да можете нормално да живеете долж границата. Му реков и на хрватскиот министер (Давор Божиновиќ), со кого разговарав на маргините на оваа средба, дека ние ќе ги приспособиме мерките на луѓето кои живеат на границата, за да не им го комплицираме животот, рече Поклукар.

Зачлени се на нашиот е-билтен