Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Службата за безбедност на Украина изврши напад со дронови врз три руски рафинерии

 – Службата за безбедност на Украина ноќеска изврши напади со беспилотни летала врз три руски нафтени рафинерии во Рјазан, Кстово и Кириши како дел од стратегијата за намалување на економскиот потенцијал на Русија, јавија западните агенции повикувајќи се на украински извор.

„Нашата задача е да му ги одземеме ресурсите на непријателот и да го намалиме протокот на пари од нафта и гориво, кои Русија директно ги насочува кон војната и убивањето на нашите граѓани. Судејќи според видеата на интернет, последиците беа многу сериозни“, нагласува изворот цитиран од украинските медиуми.

Изворот забележува дека украинските сили извршиле и напади со беспилотни летала врз руската воздушна база во Бутурлиновка, како и врз воениот аеродром во регионот Воронеж.

Зачлени се на нашиот е-билтен