Најмалку 18 лица загинаа во неколку федерални држави во напливот на леден бран од бура низ Соединетите Американски Држави (САД).
Според податоците од веб-страницата FlightAware, речиси 4.000 летови до или од САД денес биле откажани, а аеродромите во Бостон и Њујорк биле најтешко погодени.
Според ABC News, повеќе од 20.000 летови од петокот до денеска поради зимската бура биле откажани.
Според податоците од Сириум, само во неделата биле откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, пренесува Танјуг.
Се очекува летовите да продолжат на Националниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон денес, откако аеродромот го затвори целиот сообраќај во неделата поради зимската бура.