Македонија денес ќе се соочи со променливо облачно и изразено студено време, со повремени локални врнежи од снег, особено во текот на ноќта и претпладневните часови, информираат метеоролозите.
Снежните врнежи постепено ќе престануваат во попладневните часови, но студот ќе се задржи во текот на целиот ден. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а долж Повардарието тој ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, што дополнително ќе ја намали чувствуваната температура.
Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во утринските часови, поради можни заледени коловози и отежнати услови за сообраќај. Силниот ветер може да предизвика и дополнителни проблеми, особено на отворени подрачја.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени во Маврово до 5 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од -1 степен во повисоките делови до 5 степени на југот од земјата.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд и снег во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се движат од -1 до 3 степени.
Во понеделник следува уште постуден бран – променливо облачно и студено, со умерен, а во Повардарието и источните делови засилен северен ветер. Наместа ќе има услови за провејување на снег.
Минималните температури ќе паднат и до -12 степени, додека дневните ќе се движат во интервал од -6 до 3 степени.