Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Снежни врнежи на југот од Kина, рекордно ниски температури на северот

Студениот бран што ја зафати Кина донесе ретки снежни врнежи денеска во јужната провинција Гуангдонг, додека температурата на северот на Кина падна на најниско ниво од почетокот на евиденцијата за месец декември.

Температурите паднаа до под нула степени Целзиусови на северот од земјата оваа недела, што го наруши патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај и предизвикаа дефект на сопирачките на воз во Пекинг.

На почетокот на ноември, метеоролозите предвидуваа потопла зима оваа година поради феноменот Ел Нињо, но предупредија дека температурите би можеле да варираат откако овој октомври беше еден од најтоплите во изминатите неколку децении.

Зачлени се на нашиот е-билтен