Снимката ја демантира веста: имало македонско знаме на пречекот на Спиропали во Чаир

Тврдењето дека албанската министерка за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, била пречекана на плоштадот „Скендербег“ во Скопје „без ниту едно македонско знаме“ не е точно, покажува проверката на „Мета“. Според нивната анализа, дел од порталите ја граделе приказната исклучиво врз фотографии преземени од објавите на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, на кои навистина не се гледа македонско знаме.

Но на истиот настан постои видеоснимка објавена на официјалната фејсбук-страница на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Меидани, каде што јасно се забележува најмалку едно македонско знаме, поставено покрај бројни албански знамиња. Отсуството на знамето од одбраниот сет фотографии, според „Мета“, не значи дека симболите не биле присутни, туку дека биле изоставени при селекцијата на содржината што подоцна ја пренеле медиумите.

„Мета“ посочува и дека во објавите речиси целосно бил изоставен контекстот на настанот, односно полагањето цвеќе како протоколарен гест на локација со силно значење за албанската заедница, по што веста се претворила во политичко-етничка провокација и предизвикала лавина коментари со говор на омраза.

Извор: Мета.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен