Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со 668 евра Македонија има најниска просечна плата во регионот

Минималната плата и растот на платите во јавниот сектор изминатите години ја зголемија висината на просечната плата, но сепак е потребен економски раст, особено што во моментот има сериозен одлив на работна сила.

Според податоците растот на платите во изминатите 10 години е околу 94 проценти. Висината на просечната плата во 2014 година била 21.217 денари, додека пак во август годинава 41.097 или 668 евра.

Сепак и покрај овој раст, земјава има најниска просечна плата во регионот, а се наоѓа на дното на листата на Европа бидејќи во Србија просечната плата е 836 евра месечно, во БиХ е 710, Црна Гора 861 евро, Хрватска 1324 и Словенија 1495 евра.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен втор месец од во надолна линија, иако во август е за 136 денари повисока од јулската плата и изнесува 41.097 денари, сепак е пониска од јулската која изнесуваше 41.939 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната плата за август изнесува 41.097 денари и е помала дури од онаа во мај – 41.252 денари, а е речиси иста со платата во април, која изнесуваше 41.085.

Она што загрижува е тоа што цените постојано растат, додека пак просечната плата се намалува.

Според Заводот за статистика, минималното зголемување на просечната плата во однос на јули е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5,3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4,2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 %).

Зачлени се на нашиот е-билтен