Со амин од Владата во Студеничани воскресна познатиот балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време на втората светска војна, Азем Морана

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана – познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана – познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна.

„Ова именување е историски неосновано и претставува директно понижување на антифашистичката борба на македонскиот и албанскиот народ. Тоа е навреда за сите борци од НОБ, за жртвите од фашистичкиот терор, за вредностите врз кои е изградена нашата држава, слободна, демократска и европска Македонија. Преку рехабилитација на фигури поврзани со балистичкото движење што ја прават ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се нарушуваат темелите на идеологијата врз која е изградена македонската државност: антифашизмот, народниот суверенитет и демократските вредности. Според десничарската матрица, тие свесно и систематски го бришат антифашизмот од колективната меморија заменувајќи ги партизанските имиња со имиња на балисти, соработници со фашистичкиот окупатор. Бескомпромисната борба против фашизмот не е само дел од нашето историско наследство, туку е структурна вредност на нашиот уставен поредок, на нашиот идентитет и на нашата евроинтегративна определба“, велат од СДСМ.

Опозициската партија посочува дека е срамно една влада којашто тврди дека е за Европа да дозволува вакви опасни чекори. Според нив владата наместо да ги едуцира младите за вистинските херои на слободата, ги учи да ги слават соработниците и поддржувачките на фашистичката идеологија. ‘Тоа е образовно и морално злосторство за едно деморкатско општество коешто се стреми кон европските вредности’.

„СДСМ ја повикува Владата итно да ја преиспита одлуката, водејќи се од почитта кон борците и да поднесе итна иницијатива до надлежните институции за нејзино укинување. Ќе побараме и отворена расправа во Собранието, како и поддршка од Сојузот на борците и од сите прогресивни сили во државата. Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да ја поткопуваат идеологијата на антифашистичката борба и македонската историја! Македонија е изградена врз темелите на антифашизмот, а не врз ревизионизам и така мора да остане“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен