Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со есенската кошничка Владата нема да ги замрзне цените во маркетите

Иако и премиерот Христијан Мицкоски, а и министерот за економија Бесар Дурмиши веќе две недели ја најавуваат есенската кошничка со ограничени цени и маржи според денешната информација производите кои што ќе се најдат на листата за есенската кошничка ќе бидат само со ограничена бруто профитна маржа до 10 проценти, а не со замрзнати цени.

-За оваа мерка ќе се разговара наредната недела на владина седница, а ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, рече денеска Дурмиши.

Како што рече тој, дел од производите што ќе бидат опфатени со мерката се лебот, пекарските и млечните производи, овошјето, зеленчукот.

Тој претходно најави дека се прават пресметки за намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво.

Премиерот пак беше дециден дека Владата нема да дозволи повторно висока стапка на инфлација.

-Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.

Според министерот Дурмиши, Законот за нефер трговски практики останува во сила. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти, почнувајќи од 28 септември.

Зачлени се на нашиот е-билтен