Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гаши: Со Предлог буџетот во делот за Собранието се планира целосно дигитализирање

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека со Предлог-Буџетот за 2025 година предвидени се 986 милиони денари, што претставуваат тековен буџет, со кој се покриваат трошоците за работата на законодавниот дом. Собранискиот спикер потенцира дека во оваа финансиска сума, спаѓаат платите на 313 вработени во собраниските служби и на 120. пратеници. Останатите пари се предвидени за инвестиции во делот на обновување на лаптопи, хардвери, софтвери, затоа што, како што вели тој, една од главните цели е дигитализација на Собранието, за што ќе треба да се подготват и службите и пратениците. 

Гаши смета дека јавноста има погрешна перцепција за тоа дека од собраниските служби си заминале повеќе вработени, бидејќи, според него станува збор само за 15 вработени, од кои шест се службеници кои заминале во пензија.

-Службата на Собранието е една од најдобрите и најквалитетните во државата, но треба да помогнеме таа уште повеќе да се усоврши. Најголемиот проблем на кој наидовме е недостатокот на луѓе во одредени сектори. Затоа со новиот буџет веќе се предвидени 50 нови работни места. Со овие нови вработувања се надеваме дека ќе ја заокружиме потребата од службеници во Собранието, рече претседателот на Собранието Гаши, во интервју за МИА.

Зачлени се на нашиот е-билтен