Со 73 гласови ,, за”и 1 ,, воздржан” Собранието денеска го усвои Предлог Законот за судски совет.
Од министерството за правда велат дека овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во судството.
Оттаму, како клучни новини во Законот ги издвојуваат: јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник, јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите, јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот, обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите, рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот, бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.
Со реформите што ги преземаме, Судскиот совет ќе биде силен гарант за владеење на правото и доверба во судството, наведуваат од Министерството за правда.