Веќе од утре во „Службен весник“ и два дневни печата ќе биде објавен јавниот оглас за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), потврди Собранието. Кандидатите ќе имаат рок од десет дена да ги достават пријавите, по што Комисијата за избори и именувања ќе ја продолжи постапката согласно член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Огласот следи по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, поднесена откако Јавното обвинителство за гонење организиран криминал отвори постапка против неа за „оддавање службена тајна“ на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), како и за „компјутерски фалсификат“ во врска со полагање сертификат за државна тајна.
Собранието минатиот петок едногласно ја усвои одлуката за распишување оглас, со што де јуре почна процесот за избор на нов прв човек на антикорупцискиот watchdog. По истекот на роковите за пријавување и административна проверка, кандидатите ќе бидат јавно интервјуирани, а конечната одлука за именување ќе ја донесе пленарната седница.