Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собраниското мнозинство ќе го преиспитува новиот „Жан Моне Деловник“

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инфорира дека пред повеќе од еден месец, на 2 октомври, до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања е испратено писмо со кое се бара, ова собраниско тело да заседава и на седница да ги детектира точките кои предизвикуваат различни интерпретации и колизија на членови во новиот Деловник.

Актуелниот состав на Собранието, во кое ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ, имаат апсолутно мнозинстнво, ја започна својата работа со нов Деловник за работа, донесен пред една година, консензуално во процесот Жан Моне. Но, Гаши вели дека за документот веќе има одредени забелешки.

„Не треба да имаме илузија дека постои идеален документ. Се покажа дека Деловникот има недостатоци, но тоа е повеќе работа на политичка и правна интерпретација, кои политичките партии ќе го користат заради артикулација на нивните политички ставови. Но, за да се добие подобар и поквалитетен документ се потребни две компоненти. Првата е да има консензуалност и дологотрајна работа. И вториот дел е да биде исконсултирани не само политичките партии, туку и службите во Собранието затоа што и тие го применуваат Деловникот“, вели Гаши.

Тој потенцира дека во процесот Жан Моне, била испочитувана првата компонента консензуаленоста, бидејќи бил донесен во соработка со европратеници и сите политички партии. Но, споед него не биле земени во предвид забелешките на собраниските службите.

„Затоа мислам дека веднаш на почетокот наидуваме на некои различни интерпретации. Јас би настојувал во иднина, кога ќе се отвори прашањето за промена на Деловник, тој да биде и консензуален, но да бидат консултирани и собраниските служби кои исто така го применуват Деловникот. Во дебатата да биде вклучена и експертската јавност. Тука постои уште еден – трет елемент кој е дополнителен, а тоа е, „институиционална меморија и традиција“. За жал, досега тоа е оставено на одредени политички функционери, најчесто, претседатели на Собранието, кои своеволно, во одредени делови го толкуваат Деловникот. Ние во Собранието, имаме Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Таа Комисија заседава многу ретко. Уште на почететокот на мандатот на овој собраниски состав наидовме на различни интерпетации, колизија на членови во самиот Деловник. Затоа на 2 октомври, испративме писмо до Комисијата за деловнички прашања да заседаваат за да можат членовите да ги увидат и детектираат точките“, рече Гаши во интервју за МИА.

Зачлени се на нашиот е-билтен