Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сојузниците на Макрон стравуваат од последиците од распишување предвремени избори

По одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти националното собрание и да распише предвремени избори поради лошиот резултат постигнат на изборите за Европскиот парламент, соработниците на францускиот претседател изразија резервираност и страв дека оваа одлука може да ги доведе во пропаст.

-Нема да го видите лицето на Макрон на плакатите на мојата изборна кампања, толку можам да ви кажам, изјавил пратеник кој припаѓа на коалицијата на францускиот претседател, пренесува порталот „Политико“.

Неименуван функционер од парламентарната група на Ренесансата што ја поддржува Макрон рече дека Елисејската палата „не го разбира баш антипретседателското расположение во Франција“.

-Неговото одбивање да го промени политичкиот курс и покрај минатогодишните масовни протести против реформата на пензискиот систем го засили впечатокот дека Макрон е оддалечен од граѓаните. Неговиот тон може да изгледа арогантен и елитистички, вели неименуван функционер од пратеничката група.

Анкетите покажуваат дека Французите го гледаат својот претседател како горделива и авторитарна личност и како магнет за масовно чувство против елитизмот.

Зачлени се на нашиот е-билтен