Дурмиш Белули, сопственикот на фирмата за превоз „Дурмо Турс“, кој беше осуден на 10 години затвор за тешката автобуска несреќа кај Ласкарци, и денеска не се појави во затворот Идризово за да да почне да ја служи казната.
Белули денеска бил хоспитализиран во Клиничката болница Тетово, каде денеска имал закажано операција на тестиси.
Тој поднел барање за одложување кое му било прифатено, па сега нов термин за започнување на казната е 17 декември.
Ова е трето по ред одложување на Белули поради здравствени причини.
Претходно, одлагање на казната бараше и второобвинетииот Ремзи Мифтари, шеф на возниот парк на „Дурмо Турс“ кој поради операција на кила го одложи влегувањето во затвор по што стана недостапен за македонските власто