Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту за БРТ ниту за набавка на нови еко-автобуси

Град Скопје


По којзнае кој пат, советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси, со кои би се растоварил градскиот сообраќај.

Иако, денеска требаше да се гласа само согласност за набавка на автобуси, повторно Арсовска не успеа да ги убеди советниците.

Претседателот на Совет Трајко Славески, рече дека градоначалничката ги потценува сите со тврдењето дека со еден денар може да се набават автобуси. Беше објаснето дека за согласноста која денеска се гласаше, доволен е и тој денар, за почне постапката, за автобусите кои доколку процедурата продолжи најрано би почнале да пристигнуваат за една година.

Градоначалничката Арсовска појасни дека последниот предлог е поптавен, па место пари за кредит се дозволува буџетските средства од градот, а остави можност на советниците да пишат во денари колку пари од Буџетот сакаат да се оддели за оваа намена за да тргне процесот.

Претходно, не беше изгласана ни потребата од Бас рапид транзит системот, со што повеќе од јасно е дека на 2 септември во понеделник, градот ќе биде во потполн метеж. Учениците ќе тргнат во училиште, многу од родителите ќе сметаат дека нивното дете нема да може да стигне на училиште на првиот час со автобус, па ќе ги носат со автомобили, а сите ќе заглавиме во долги колони на скопските булевари.

Не дека денешната одлука, доколку бепе изгласана, ќе го растовареше сообраќајот во понеделник, но барем советниците ќе покажеа дека имаат некаква волја да им помогнат на своите сограѓани. Вака, не е понудено алтернативно решение, а предложеното се одбива.

Останува да видиме само дали деновиве возниот ред на ЈСП ќе биде обновен, односно автобусите ќе ги пишува во реално време кога треба да дојдат, за да не чекаат граѓаните на постојка и по повеќе од еден час.

Зачлени се на нашиот е-билтен