Советот за безбедност на ОН синоќа изрази загриженост поради зголемувањето на насилството и влошувањето на хуманитарната ситуација во Судан.
Во соопштението, Советот „најостро ги осудува“ нападите врз цивилите и проширувањето на конфликтот, кој веќе ги погодува „областите каде што живеат големи групи внатрешно раселени лица, бегалци и баратели на азил“.
Во борбите меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), кои започнаа во април, се раселени 7,1 милион луѓе, соопшти во четвртокот портпаролот на ОН, нарекувајќи ја „кризата со раселувањето“ „најголема во светот“.
Според податоците на ОН, уште 1,5 милиони луѓе нашле засолниште во соседните земји.