Советот за национална безбедност на САД соопшти дека нападот врз Израел ќе се одвива во текот на неколку часа

Портпаролката на американскиот Совет за национална безбедност Адриен Вотсон соопшти дека американскиот претседател Бајден редовно се информира за ситуацијата од неговиот тим за национална безбедност и ќе се сретне со нив попладнево во Белата куќа.

– Овој напад најверојатно ќе се одвива во текот на неколку часа, додаде таа.

– Претседателот Бајден беше јасен: Нашата поддршка за безбедноста на Израел е железна. Соединетите Држави ќе застанат со народот на Израел и ќе ја поддржат неговата одбрана од овие закани од Иран, напиша Вотсон на Х.

Треба да знаете
Moже да ве интересира