Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасители од Битола отпатуваа да помогнат во подрачјата погодени од земјотресот во Туркије

Пет битолчани од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица- Битола отпатуваа за Туркије за да се вклучат во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот.

Според најновите информации, над 4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Туркије и во Сирија.

Бројот на загинати во Туркије од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави денеска тамошната агенција за помош АФАД.

Новиот број на загинати во Туркије и Сирија искачи на 4.365. Земјотресот се смета за најсилниот што го погодил регионот во изминатите речиси 100 години.

Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштение.

Зачлени се на нашиот е-билтен