Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Спасовски: Кривичните пријави против мене се политички мотивирани, не се засновани на право

„Има покренато две кривични пријави, ги кажаа и во јавноста, од политички партии. Тие вчера се поднесени до јавното обвинителство. Тие кривични пријави ги сметам како политички мотивирани и не се засновани на правото, ниту говорат нешто за правото“, рече ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека институциите ќе може да ги прегледаат сите документи и докази и врз основа на тоа да донесат одллуки.

Поранешниот министер објасни дека по стапувањето на сила на Преспанскиот договор и донесување на потребните закони за издавање на личните документи со новото име и усогласувањето со Законот за јазиците, МВР започнува да издава документи со новото име од 1 јули 2021 година.

„Сите тие аспекти на овозможување за вадење на документи се овозможени. Целиот тој период и акциски планови и управувачкиот комитет што управувал со целиот процес, постапува согласно законските прописи. Не може апсолутно никого сами да натерате да извади документи во 2021, 2022 или 2023 година. Не сакам да фрлам вина на граѓаните, но секој еден граѓанин имал можност од 1 јули 2021 година да започне со промена на документите“ рече Спасовски.

Тој истакна деке не е точно дека немаше обрасци за пасоши, во 2023 сменети се скоро 600 илјади пасоши

„До 2019 година во летните месеци мај-јуни-јули сме стигнувале до 25-26 илјади патни исправи месечно за производство. Во 2023 година се сменети скоро 600 илјади пасоши, значи на месечно ниво се менувале околу 50 илјади документи“ рече ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не е точно дека немало обрасци за пасошите и запраша како се издадени еден милион и 300 илјади пасоши ако немало обрасци.

„50 илјади обрасци пристигнаа на денот кога си заминав од Министерството, вчера се пристигнати 20 илјади, спроед моите информации, а за неколку дена ќе пристигнат уште 200 илјади. Тоа е динамиката врз основа на проценките направени од управувачкиот комитет“ рече Спасовски.

Поранешниот министер кажа дека во 2021 година биле променети околу 120 илјади пасоши со новото име, додека таа бројка во 2023 пораснала на 560 илјади.

Зачлени се на нашиот е-билтен